„Гласините говорат дека секоја десетта госпоѓа во Скопје е со српско потекло. Навлезени по линија на браковите, овие жени создаваат внатрешни-семејна атмосфера и воспитание, кои што секогаш имале за цел конфронтација со Бугарија и блискост со Србија“, вели бугарскиот историчар и универзитетски професор Трендафил Митев ,кој е доктор по историски науки.
Трендафил Митев е член и долгогодишен претседател на здружението Македонски научен институт од Софија за кој дел од бугарските медиуми пред неколку дена објавија дека е финансиски поддржан од буџетот на државата по влијание на владејачката ВМРО-БНД на вицепремиерот Красимир Каракачанов.
Бугарскиот историчар вели дека во Македонија има илјадници Бугари, кои и покрај репресиите го задржале своето национално самоопределување, а над 110.000 од нив дури земале и бугарски пасоши врз основа на докази, со оригинални документи, за своето национално потекло.






