Бугарското обвинителство и Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) истражуваат Бугарин за шпионажа во корист на Русија.



Соопштено е дека е поведена предистражна постапка за кривично дело според кое од 2016 година бугарски државјанин се ставил во служба на странска држава за незаконско пренесување на информации што претставуваат државна тајна.

Веста доаѓа откако беше откриено дека руски дипломат во Бугарија шпионирал за неговата земја.

Според обвинителството, станува збор за бугарски генерал од резерва, кој учествувал во мисии надвор од Бугарија.

Тој работел во Министерството за одбрана и имал пристап до доверливи информации за ЕУ ​​и НАТО.

За координација и пренесување на информациите служел руски државјанин со дипломатски имунитет кој бил на должност советник во руската амбасада во Софија.