Иво Христов, бугарски европратеник и член на Групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, вели дека дека инцидентот со Хруистијан Пендиков во Охрид дека во Макдонија било опасно да си Бугарин.
„Ова е трагично потсетување дека во земјата – кандидатка за членство во Европската унија – да се биде Бугарин е опасно. И тоа не е прво случај на насилство. Изненадува недостатокот на каква било реакција од Брисел“, изјавил тој.
„Европската комисија и некои европски лидери ги игнорираа предупредувањата на бугарскиот претседател дека политичарите во Скопје немаат волја да ги решат отворените прашања. Бугарското вето на преговорите беше укинато под притисок од надвор, што е прекршување на критериумите на Унијата за членство“, рече тој на редовниот состанок во Стразбур, соопшти прес-службата на Христов.
Според него, денес Бугарите во Република Македонија ја плаќаат цената на европската рамнодушност кон историските трауми и културните зафати на Скопје, пренесува БГНЕС.
„Ги повикувам Европската комисија и комесарот за проширување да заземат принципиелен став за строго да се почитува духот и словото на европската интеграција“, рекол Иво Христов.







