„Обидите да се зборува за македонското малцинство во Бугарија е опасно…Пописот во земјава ќе покаже дека кај нас нема македонско малцинство, вели бугарскиот европратеник Емил Радев од редовите на Европската народна партија за News.bg.
Радев ја критикува најавената средба на македонскиот претседател Стево Пендаровски со ОМО Илинден – организација која не е регистрирана во Бугарија.
За него тоа е провокација.
„Не можеме да правиме компромиси со веќе постигнатите договори, изјави бугарскиот претставник во ЕП. Она што се бара од Република с. Македонија е да ги почитува постигнатите договори“, рече Емил Радеви и изрази жалење за, според него, провокациите против Бугарија.
Според него, односите наБугаријја со Македонија „остануваат нејасни за нашите западни партнери, но тие години наназад не го разбирале прашањето за името меѓу Грција и Македонија.
За Западот безбедноста во регионот е поважна, како и економските врски“, вели европратеникот Радев.






