Бугарски европратеник бара Ковачевски да слави фашистички соработник

Европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски кој во Брисел на седница отпоздрави со ,,Хајл Хитлер” и за тоа беше парично казнет сега бара македонскиот премиер да го посети гробот на фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов.



Бугарскиот колега Петков веќе го славеше во Битола човекот што се среќавал со Хитлер, Мусолини и Павелиќ.

,,Ги повикувам бугарскиот премиер @ KirilPetkov🇧🇬 и неговиот северномакедонски колега @ DKovachevski🇲🇰 заедно да го посетат гробот на Иван Михаилов, кој е на само 30 километри од Рим, доколку навистина сакаат да покажат напредок во односите меѓу двете земји”, пишува Џамбаски кој го нарекува Ковачевски северномакедонски премиер.