Бугарски Евреи под закана од радикали во Софија за учество на комеморација за македонските Евреи

Бугарски антисемити и неонацисти упатиле сериозни закани до членови на бугарската Еврејска заедница по најавата дека Евреи од Софија и други бугарски градови ќе учествуваат на настанот во чест на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, дознава expres.mk од извори во Софија.



По информациите дека членови на бугарската Еврејска Заедница ќе присуствуваат на комеморацијата за депортацијата и смртта на бугарските Евреи за време на бугарската окупација на Макеоднија во 1943 година, кон нив биле упатени грозоморни закани кои потсетуваат на времето на Холокаустот, велат за expres.mk бугарски Евреи.

Заканите биле пријавени пред властите во Софија и пред светските еврејски организации кои преземаат активности за спречување на остварување на заканите но засега не е уапсено ниту едно лице.

Делегација на бугарските Евреи треба да учествува од 8 до 12 март во Скопје каде ќе се одржат активности за 80 години од македонскиот еврејски холокауст. Главниот настан е закажан за 11 март.

Во Бугарија пред неколку дена се случи марш на поддржувачите на фашистичкиот идеолог Христо Луков кој официјално беше забранет но сепак се одржа.

Маршот беше јавно поддржан од бугарски националисти и европратеник но досега и за овој инцидент нема уапсени лица.

Деновиве во Софија се активни две петиции за историската вистина поврзана со Евреите.

Во едната петиција се поддржува тезата на официјална Софија дека Бугарија и Царот Борис се спасители на Евреите, затоа што Евреите кои живееле на територијата на царството во текот на втората светска војна биле спасени од логорите на смртта.

Во втората петиција се бара соочување со историската вистина според која Бугарија од окупираните територии на Македонија и Тракија ги испратила во смрт речиси сите Евреи.

Дополнително со втората петиција се бара Бугарија да прознае дека власт на Цар Борис ги депортирала во посебни логори Евреите во царството и дека и тие биле подготвувани подоцна да бидат испратени во Аушвиц, Треблинка и другите концентрациони логори.

Последни вести

Критичен момент за преживување

Тутунари го молат министерот за земјоделие да им плати за ланската реколта за да опстанат