„Руските интереси во регионот минуваат низ Србија. Гледаме зголемување на антибугарската реторика во Србија и с Македонија – руските служби имаат свои прсти во ова”, оцени Милен Керемедчиев, поранешен заменик министер за надворешни работи во гостување на BulgariaOnAir



Николај Крастев, меѓунареден аналитичар додаде дека интересите на Русија и Белград се совпаѓаат во однос на Македонија. Според него, растот на антибугарската реторика во последно време е загрижувачки.

„Не Владата во Скопје, туку опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад прашањето со македонското малцинство во Бугарија и на тој начин е против духот на Договорот меѓу Софија и Скопје, разгорувајќи нови националистички страсти на таа тема“ смета Крастев.

Според него, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е проруска и води до самоизолација на Македонија.

Керемедчиев од своја страна нагласи дека последната изјава на Зоран Заев била упатена до Германија.

„Зборовите на Заев се повик за помош. Тој повик е упатен кон Германија и лично кон госпоѓата Меркел. Канцеларката, напуштајќи ја својата позиција и тронот на лидерството во ЕУ сака да го заврши своето владеење со лепеза од успеси. Во секој случај Германија сака до крајот на годината да добие некакви конкретни чекори во однос на Македонија“, вели Керемедчиев.

Според него, „ЕУ е многу изморена од своето проширување. Не знам дали по десет години ќе се прими нова земја-членка. Да се прави сега хистерија е малку избрзано. Има силно активирање на службите и на руските интереси во регионот“.