Бугарски државен медиум: Русија е воено супериорна сила кон САД

Професорот Димитар Вечерва, експерт за ЕУ и регионалните и глобални политички трендови пренесува информација која била емитувана на на бугарското национално радио а според која Америка е второстепена воена сила во однос на Москва:



„Русија има воена супериорност над САД. Нејзините суперсонични (sic!) проектили можат да потонат американски носачи на авиони. Американците немаат такво оружје“, ја пренесува веста Бечев добиена од официјален бугарски државен медиум под контрола на властите во Софија.

Не е непознаница дека во Бугарија има силни проруски инсталации блиски на врвовите на власта но досега ова е прв пат во последниве неколку години државен медиум да ја фали Русија за супериорност во воени технологии и да ги понижува САД со која Бугарија е заедно во НАТО.

На крајот на Ноември претседателот Радев ја вознемири Америка со изјава дека Крим е Руски.

Дали е можно односот на Бугарија кон Македонија во ЕУ се должи и на руските обврски кон Москва е прашање за кое досега македонските и бугарските власти но и САД не дале никаква анализа.