Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Мешовитата комисија со Македонија за историски и образовни прашања, измисли „Северомакедонци“ во интервју за тамошната телевизија Нова.
Обвинувајќи ја Македонија за „антибугарска реторика“, Топалов го спомна јужниот сосед: „На вакво нешто Грција би реагирала: ‘Додека не се извините јавно, ги прекинуваме сите разговори со вас. Пред 20 години вршеа притисок и врз Грција. Тогаш грчките политичари побараа од Европа да ги остави да си ги решат проблемите и ги заборавија северомакедонците. Поминаа 30 години, го потпишаа Договорот од Преспа и Грција им рече: ‘Повелете’“.
Според него, веројатно самите „Северомакедонци“ не сакаат да влезат во ЕУ и затоа ги преземаат сите овие чекори.






