Според информациите од т.н „Народната милиција“ на самопрогласената Доњецка народна република, бродот „Царевна“ со бугарски екипаж и уште еден брод, „Лејди Августа“, кои се наоѓаат во пристаништето Мариупол, „беа заробени од националисти од (баталјон) „Азов“ , според објавува на сепаратистичката милиција н каналот Телеграм на .



Од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изјавија дека „бугарските морнари се чувствуваат добро и (…) се одржува постојан контакт со нив, пренесе БГНЕС.

Агенцијата потсетува дека во петокот премиерот Кирил Петков изјавил дека Бугарија земја е подготвена да ги евакуира морнарите од бродот „Царевна“ кога борбите ќе престанат таму и веќе има специјално испратена група, но капетанот одлучил дека ризикот е преголем и дека најбезбедно е екипажот да остане на бродот.

Според бугарскиот премиер, во тек се разговори со двете завојувани страни и засега ситуацијата таму останува многу неизвесна.