Осврнувајќи се на хитлеровското салутирање на европратеникот Ангел Џамбаски во Европскиот парламент, бугарскиот блогер Бојан Јуруков го „признава“ проблемот со неонацизмот во Бугарија.



„Да, Џамбаски направи нацистички поздрав во Европскиот парламент. Како што има направено и во минатото.
Да, за жал, ова е причината поради која неговите гласачи го ставија за европратеник.
Да, Бугарија има проблем со неонацистички, хомофобични, антиженски, антинаучни, антиимигрантски и анти-ЕУ групи.
Ние работиме на тоа“, коментира Јуруков на Твитер.