Бугарската влада доби забрана да потпишува договори за мигранти

Бугарскиот парламент синоќа ја поддржа резолуцијата со која се забранува владата да потпишува билатерални договори со другите земји на ЕУ за реадмисија на мигранти.



Претходно премиерот Бојко Борисов побара од парламентарните групи да усвојат заедничка одлука за спречување на миграцијата.

Резолуцијата беше поддржана од 177 од 240  пратеници, кои исто така одлучија дека владата на премиерот Бојко Борисов треба да го претстави бугарски предлог за реформа на „Даблинскиот договор“до крајот на септември, за тоа како европските држави ќе ги решаваат барањата за азил, објави Ројтерс.

Бугарија го поддржува затворањето на надворешните граници на ЕУ за мигранти и воспоставувањето на центри за прифаќање бегалци надвор од ЕУ, во Тунис и Либија.