Бугарска телеграфска агенција (БТА) отвори прес-центар во Скопје.
На вчерашниот настан присуствуваше министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, како и министерката за културата на Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, претседавачот на собраниската комисија за култура и медиуми на Бугарија, Тошко Јорданов и други функционери.
Прес клубот на БТА во Скопје ќе биде место за прес-конференции, интервјуа, настани, состаноци и размена на искуства меѓу новинари од Бугарија и Република Македонија, рече на отворањето директорот на агенцијата Кирил Валчев.
Отворањето беше дел од посетата на бугарската делегација во спомен на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.







