Бугарската пропаганда се издаде зошто измислува Бугари во Албанија.
Професорот Спас Ташев кој своевремено беше директор на бугарскиот информативен центар во Скопје ја откри скриената агенда во Албанија.
Според Ташев не може Бугарите да живеат во Бугарија и Албанија, а не во средината односно во Македонија.
Со тоа Ташев открива дека целта на Софија е да докаже дека ако во Албанија има Бугари тогаш и луѓето во Македонија се Бугари.
Во интервјуто на Тања Милушева од Бугарското национално радио Спас Ташев јасно ја открива агендата на Софија.
„За нас е важно што во Албанија има личности кои се дефинираат како Бугари. Точниот број засега не е познат. Од гледна точка на геополитиката на Балканот, кога соседна земја тврди дека на неа нема Бугари. територија, но западно од неа има Бугари, очигледно Скопје греши во овие изјави. Не е можно Бугарите да живеат во Бугарија, Бугарите да живеат во Албанија и ништо помеѓу тоа“, изјави историчарот Ташев од Бугарската национална академија на науките, автор на книгата „Бугарите во Албанија“, издадена по првиот попис што го спроведе албанската држава по официјалното признавање на Бугарите како национално малцинство во 2017 година.
Ташев додава Дака Софија прави обид албанскиот град Елбасан да стане бугарски центар во Албанија.






