Бугарската принцезата Калина возела под дејство на алкохол – ќе одговара

Ќерката на Симеон Саксобурготски – Калина, кој завчера направи сообраќајка а претходно пиела алкохол, ќе одговара, соопшти обвинителството.



Таа беше ослободена откако помина 24 часаво притвор, а нејзиниот автомобил е запленет.
Настанот се случил околу 15:00 часот на 19.08.2023 година во реонот на хотелот Мура во Боровец.

Алко-тестот покажа 1,5 промили, а принцезата одбила да даде примерок од крв, пренеасуваат медиуми.

Во сообраќајната несреќа нема повредени.

Нејзиниот сопруг, Китин Муњоз за бТВ даде изјава во одбрана на принцезата:

„Мојата сопруга го загуби кучето. Многу го сакаше. Има три кучиња. Се уште не можеме да го најдеме. Под стрес е. Цело утро се шетавме низ Боровец Таа удри во автомобил додека се паркираше… Можеби испила чаша вино, но тоа не е пиење алкохол. Тоа не е ништо. Инцидентот е мал. Станува голем проблем бидејќи таа е – принцеза“ рече тој.