115 годишнината од Илинденско-преображенското востание ќе биде одбележена денеска во селото Смилево. Церемонијата ќе се одржи пред споменикот на, Даме Груев, јавуваат бугарски медиуми.
Официјален гостин на чевствување ќе биде потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
„На ова место во југозападниот дел на Македонија бил главниот штаб за Битолскиот округ, кој на 20 јули им нареди на востаничките одреди да почнат воените дејствија.
Илинденското востание претставува врв во ослободителната борба на македонските и тракиските Бугари. По неговото потиснување, 30.000 луѓе од овие подрачја на тогашната Отоманска империја бегаат во Бугарија“, пишуваат бугарски медиуми.





