Бугарската министерка Генчовска му оддаде почит на Гоце Делчев

Бугарската делегација положи цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев.



Делегација на бугарската влада положи цвеќе на гробот на Делчев по повод 150 годишнината од неговото раѓање. Бугарската делегација ја предводеше министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, придружувана од заменичката-министерка за надворешни работи Велислава Петрова, заменик-министерот за култура Јуриј Велковски и амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја Ангел Ангелов.

Венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положи и Илхан Ќучук, европратеник и известувач за Македонија во Европскиот Парламент.