Кој краде историја и култура во релациите меѓу Македонија и Бугарија најдобро покажува примерот со бугарската пејачка Глорија која украла Македонска песна и целосно ја преработила согласно бугарската историја.
Пејачката Глорија ја украла песната на Војо Стојановски ,,Една мисла имаме” во која наместо за Александар Велики се зборува за бугарскиот Хан Аспарух.
Во една од строфите наместо за ,,Чеда сме на Александар гордост македонска” како во оргиналот на Војо Стојановски бугарската Глорија пее ,,Чеда сме на Аспарух”.
Аспарух е еден од бугарските ханови кои немаат никаква врска со македонската или словенската историја или јазична група.
Оваа кражба на авторски права дополнително ја расчистува дилемата кој е тој што краде исрорија, култура и фолклор.
. @TGenchovskaMFA, нели како членка на ЕУ имате закон кој ги штити авторските права? Сте украле музика на автори Македонци, пеете таму за Аспарух! @DKovachevski ти ја научи ли со новиот текст? https://t.co/0zekOgeeiO
— Џон Фалстаф (@JohnFalstaffMKD) July 21, 2022
Целата песна на Глорија
Оригиналната песна на легендарниот Војо Стојановски по текст на Владо Георгиевски





