Фондацијата „Бугарска меморија“на Милен Врабески обезбедила средства за обновување на фасадата и за покривот на црквата „Св. св. Кирил и Методиј “ во Делчево, а се очекува градежните работи да бидат комплетирани до крајот на мај, пишуваат бугарски медиуми.
„Великодушната поддршка на д-р Врабевски и на Фондацијата и нејзината донатортска мисија и поддршка за Делчево, како и за целиот прекуграничен регион, повторно докажува дека пријателството и вистинската соработка и почит ги надминуваат сите физички граници”, напишал на Фејсбук градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.





