Бугарска Фондација Македонија: На 4-ти февруари доаѓаме во Скопје

„…Планирајте си во сабота на четврти февруари сите да сте во Скопје, да се поклоните на гробот на бугарскиот национален револуционер Гоце Делчев“ објави на својата страница бугарската фондација Македонија како реакција на барањето на претседателот Стево Пендаровски некои лица бидат прогласени за персона нон грата во Македонија, и да им биде забранет влез во земјава, дознава Фокус.



„Таа изјава на Пендаровски ги руши билатералните односи и е повеќе од непријателска за Бугарите и Бугарија, тој ќе ни забранувал да се поклониме на гробот на Гоце, на денот на неговото раѓање! Организиравме транспорт, кој нема транспорт да ми се јави! Во сабота, на четврти февруари, пред гробот на Гоце треба да сме илјадници Бугари“, објавено е на страницата на фондацијата.

Фондацијата Македонија е основана од страна на Бугаринот Виктор Стојанов во април 2021 година, со влог од сто лева.

Пред десеттина дена, фондацијата објави дека организира бесплатен превоз до Скопје, за Бугари кои ќе учествуваат во чествувањето на револуционерката Мара Бунева.

Потоа информираше дека пет автобуси и над 100 возила со Бугари пристигнале во Скопје, за масивно да и оддадат почит на Бунева, потсетува Фокус.