Бугарска делегација на 22 мај во Скопје, но нема да се потпише ништо конкретно

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на Македонија и Бугарија продoлжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Македонија на 22 мај, објави БГНЕС.



Тој, исто така, уверува дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади.

– Средбата сѐ уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно – рекол Петков.