Аналитичарката Антонија Коцева за banker.bg го опсервира случајот со децата од уметничкото студио „Мал битолски Монмартр“ примени од бугарскиот претседател Румен Радев, за кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нареди предистражна постапка против наставникот што ги одведе во Бугарија.
„Мора да признаеме дека не е в ред на децата да им се договараат средби со странски политичари и да се фотографираат со нив без изречна дозвола од нивните родители. Причината е што дури и мотивите на бугарските институции да се чисти како солза, вмешувањето на децата во политиката е неморално и незаконски.
Средбата на децата уметници од Бугарија и од Северна Македонија е дел од иницијативата за добрососедство и пријателски односи меѓу двете земји и беше по повод социјалната кампања ‘Од двете страни на границата’ на Фондацијата ‘Бугарско сеќавање’. Проблемот е што од двете страни на границата нема ниту пријателство, ниту добрососедски односи“, заклучува Коцева во својата анализа.





