Жените – џебџии од Бугарија и Романија „заработуваат“ по 20 000 фунти месечно во Велика Британија, јавува News.bg, повикувајќи се на пишување на британски медиуми.
Тимовите крадци користат различни техники на прометните улици и продавници за да украдат пари и скапоцености, а најчеста цел се јапонски и арапски туристи.
Една група џебџии била снимена случајно за време на селфи од турист од Тајланд кого „го олесниле“ за 400 фунти.
Тие оперираат низ целата земја. Жените главно имаат бугарските и романски си лични карти, но многу имаат и британски возачки дозволи.
Жените-џебџии се од Пловдив, Софија, Варна и Букурешт,а првите меѓу нив на Островот пристигнале околу 2007 година, кога беа олеснети правилата за движење на граѓаните од Романија и Бугарија во ЕУ.





