Редицата на автомобили што чекаат да влезат во Грција достигна 5 километри, а стотици бугарски и грчки граѓани, но и вработени на граничниот премин Кулата се блокирани во неа, јавува агенцијата БГНЕС.
Во 12 часот денеска се укинува уредбата за обавезен карантин при влез во Грција.
Многу Бугари заминаа на одмор во Грција со аргументот дека „додека не изградиме постројки за пречистување на отпадни води на море, нема да одиме на нашиот брег на Црното Море“, јавува БГНЕС.





