Во декември населението на Бугарија изнесувало 6.447.710 луѓе што претставува само 1,5 проценти од вкупното население на Европската унија.
Споредено со 2021, населението во Бугарија лани се намалило за 34.774 луѓе или за 0,5%.
„Продолжува процесот на намалување и стареење на населението, се намалува бројот на живородени деца … се намалува бројот на склучените граѓански бракови“, пишува БГНЕС за демографската ситуација во Бугарија.
На крајот на 2022 лицата над 65 годишна возраст биле нешто над 1.5 милиони жители односно 23,5 проценти од вкупното население.







