Бугарите имаат најголема доверба во шефот на државата Румен Радев (48%), а недоверба кон него искажаа 33% од граѓаните во анкета на bTV и Market Links, спроведена од 29 април до8 мај.
На второ место е поранешниот технички премиер Стефан Јанев со 28% доверба и 72% недоверба.
Трет е лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов со 22% доверба и 65% недоверба.
На четвртото место е лидерот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов со 19% доверба и 58% недоверба.
Актуелниот премиер Кирил Петков ужива само 17 проценти доверба меѓу граѓанството исто колку и лидерот на „Има таков народ“,Слави Трифонов, а недоверба во нив имаат 68% односно 63 отсто од анкетираните
На седмо место е вицепремиерката и лидер на БСП, Корнелија Нинова со 16% доверба и 70% недоверба.
Претпоследното место е за лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов со 11% а на последното место е лидерот на ДПС Мустафа Караџи на кого му веруваат само 10% доверба и најголем процент на недоверба – 81%.
Од јануари до април довербата во Националното собрание падна за 14% (од 22% на 8%) и во владата за 19% (од 36% на 15%).







