Бугарите повеќе ги сакаат Германците отколку Русите

Навикнати сме Бугарија да ја сметаме за русофилска држава, но во реалноста испаѓа дека сме германофилска држававели политикологот Димитар Ганев од бугарскиот истражувачки центар „Тренд“.



Со позитивен став кон Германија се над 70% од бугарските испитаници, пренесува БГНЕС.

Околу две третини од испитаниците изразуваат позитивен став кон Европската унија.

Има и позитивен став кон Русија, но тој е помал од горенаведеното: околу 60%, вели Ганев.

Позитивен однос кон ЕУ и Германија има кај најмладите возрасни групи – на возраст од 18 до 29 години а ште поголем на оние на возраст од 30 до 39 годинибидејќи во овие групи поддршката е над 70%.

Во однос на Русија, позитивен став имаат лицата над 60 години. Односот кон Русија е резултат на носталгичното чувство за минато време – она ​​на социјализмот и тогашните блиски односи меѓу Бугарија и СССР.