Бугарски тур-оператори веќе не организираат еднодневни екскурзии до Македонија, откако Бугарија воведе строга забрана за увоз на месо и прехранбени артикли.
„Не сакаме да си имаме проблеми со пограничните власти“”, коментираат за бугарски „Монито“ од една фирма за превоз од Ќустендил.
Порталот пишува дека во последните денови, на неколку луѓе биле им биле конфискувани различни прехранбени производи -на граничниот премин Ѓуешево меѓу кои сирење, јајца и производи од месо.
До лани, граѓаните од Ќустендил масовно патуваа преку граница да купат месо, особено јагнешко месо.
Забраната за увоз на месо е засилена, бидејќи Македонија не е земја членка на ЕУ.
А тоа ќе се почувствува особено сега – за Велигден.





