Паради недостиг на работна сила, Бугарија ќе увезува овчари и козари од далечни и егзотични држави, меѓу кои поранешните советски републики и од –  Виетнам.



Ова го соопшти Симеон Караколев, копретседател на Националната асоцијација за овчарство и козарство, пренесуваат бугарски медиуми.

Во Бугарија нема заинттерсирани кои би се занимавале со оваа дејност, иако платите кои се нудат се помеѓу 1.000 – 1.500 лева (500-750 евра) .

Во моментов во Бугарија има дефицит од околу 1.000  овчари, иако сериозно намалениот број на овци, сепак е околу еден милион.