Бугарите му дадоа „шут-карта“ на Каракачанов

Само околу еден процент од бугарските избирачи гласале за партијата на Красимир Каракачано, екс министер за одбрана и еден од најголемите пропагандисти дека Македонија е бугарска земја.



Според излезните анкети кои ги објавија повеќе агенции за истражување на јавното мислење, ВМРО-БНД освоила помеѓу 0,9 и 1,2 отсто од гласовите на изборите, што е досега најлош резултат за крајнодесничарската партија, позната по негирањето на македонскиот јазик и нација.

Еден од „најистурените“ играчи од оваа партија е и европратеникот Ангел Џамбаски.