Претседателот на Институтот за демократија Марко Трошановски вели дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е единствениот критериум за Македонија и практично да ги започне преговорите со Европската Унија за членство, односно за отворање на втората меѓувладина конференција и првиот преговарачки кластер.



Институт за демократија: „Бугари во Уставот“ е само прв во низата предуслови…

„Ако сме искрени, Бугарија може да нè блокира во многу наврати, и поради многу причини кои навидум немаат врска со нивните барања за историски/идентитески ревизионизам и слично. Обврските кои ги превземаме во вториот протокол се со трајни последици за нас и сè уште не знаеме до каде е нивната имплементација’, вели Трошановски во интервју за МКД.Мк.

„На пример, говорот на омраза не е јасно дефиниран и Бугарија има слобода да го толкува како сака и да го користи тоа како аргумент против нас.

Историската комисија треба да се среќава 8-10 пати годишно, што е неверојатно голема динамика која секако нема да испорачува резултати. Па и тоа повторно ќе биде прокнижено како наш минус, т.е неспроведување на договорот во добра волја.

Во суштина, за многу од превземените обврски или има многу малку време да се спроведат, или имаме асимтеричност, или пак, немаме јасни критериуми, рамки, процедури како истите ќе бидат спроведени. Проблемот е што ние прифатиме тоа да е така и сега може да ни се удира од глава“ вели Трошановски

Интервјуто на следниот Линк.