По денешната изјава на екс-министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, според која измените на македонскиот Устав не се голема работа и ги повикува „македонските соседи и пријатели да не се плашат од промените“, реагира и Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии.
Захариева: „Промената на Уставот на Македонија не е ништо страшно“
„Истото важи и за бугарските соседи, нема од што да се плашат да си го сменат Уставот, не боли.
„Измена на Уставот на РСМ(и на Бугарија м.з) не е голема работа. Бугарите (но и Македонците м.з), се дел од реалноста во РСМ (и на Бугарија) и тоа мора да се прифати“.
Може така?! Тоа се вика добрососедство“, порачува Трајкоска и додава:.
Туку седнете и прочитајте што признава, но и зошто не признава Бугарија македонско малцинство, за разлика од 9 други што ги признава.
Да зборуваме со факти, а не со површно политиканство и партиски наративи“ пишува во објава на Фејсбук Трајкоска.







