Бугарите биле „бугарски Грци“ и „грчки расколници“ (ДОКУМЕНТ)

Во дебатата за “Заедничка историја” меѓу Македонија и Бугарија се појавуваат историски документи според кои и Бугарите во историјата биле негирани.



Во 1872 година, американскиот печат ги нарекува Бугарите како бугарски грци а бугарските националисти како расколници Грци!

Текстовите во кои се негираат Бугарите се објавени во весниците „Утринска Sвезда“ и „Католички месинџер“, во Њу Орлеанс на 14 април 1872 година.

Ова го објавува австралискиот новинар од македонско потекло Саша Узунов кој истражува неколку различни дата бази на историски документи и медиумски извештаи поврзани со македонско-бугарската историја.