Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент вчера го избра бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за нов известувач за Македонија.
Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл.
Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Северна Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот.
Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател.





