Иван С. од Бургас е уапсен поради обид да излезе од Бугарија на граничниот премин со Македонија, Ѓуешево, на 26 јуни околу 19 часот скриен во багажникот на патнички автомобил управуван од Алекдандар К., кој покрај бугарското има и македонско државјанство.



Бугаринот на возраст од 24 година во моментот на приведувањето имал условна тригодишна казна затвор, поради што Окружниот суд во Ќустендил му одредил мерка лишување од слобода.

Возачот на автомобилот на возраст од 35 години, пак, признал дека е виновен за обид да го префрли преку граница Иван С. Со спогодба меѓу неговата одбрана и Судот во Ќустендил, нему му е изречена условна казна затвор од пет месеци ако го повтори делото во следните три години.