Бугарската влада одлучи вонредната состојба поради коронавирусот во земјата да остане во сила до 15 јули.



Министерот за здравство, Кирил Ананиев, соопшти дека нема да се воведат нови строги мерки, но ќе се зајакне контролата за почитување на досегашните мерки.

Само во последните 24 часа, во Бугарија се регистрирани 130 позитивни случаи на Ковид-19.

Вкупно потврдени случаи на заразени во Бугарија се 4.114, од кои . 2.217 излекувани и 208 се починати, јавува БГНЕС.