На крајот на 2022 година во Бугарија биле регистрирани 205 населени места без ниту еден жител, објави Националниот статистички институт.



Во 1.249 села или во 23,8% од населените места живеат од 1 до 49 жители.

Во земјата има шест града со население од над 100.000 жители, каде што живее 35% од населението во земјата.

Најголема општина во Бугарија по население е Софија.

Освен неа, уште 7 општини во земјава имаат над 100.000 жители – Пловдив, Варна, Бургас, Стара Загора, Русе, Сливен и Плевен.

Релативното учество на населението во овие 8 општини претставува 40,7% од целокупното население во државата.