Бугарија веднаш зад САД според воениот буџет

Бугарија е на второ место во НАТО според процентот кој оваа земја  го издвојува за одбрана.



Буџетот на бугарското Министерство за одбрана за 2019 година изнесува три милијарди и 515 милиони лева, или околу 1.8 милијарди евра.

Земјата го зазеде високото второ место, веднаш зад САД, откако бугарската влада плати 1.2 милијарда долари за осум нови ловци Ф-16, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).

На самитот на НАТО во 2014 година во Велс, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека Бугарија треба да ги зголеми своите трошоци за одбрана.

Од сите 29 земји-членки на НАТО, САД издвојуваат најмногу за одбрана, 3,42% од БДП, Бугарија 2,6% од БДП, по што следат Грција, Велика Британија, Естонија, Романија, Полска…