Советничка на општина Велинград, Екатерина Каферинова е убиена синоќа во својот дом.
Осомничениот е маж кој сам го пријавил убиството.
За БНР е потврдена информацијата за убиството на 72-годишната Екатерина Каферинова.
Екатерина Каферинова 20 години била општински советник од Бугарскиот земјоделски народен сојуз.
Телевизија Нова информираше дека лицето кое го пријавило убиството е приведено.
Тој има 73 години. Признал дека со свои раце ја убил жртвата во нејзиниот дом, а ја посочил и куќата во која е извршено делото.
Според локалните жители, двајцата живееле во заедница.







