Режисерот Владимир Милчин смета дека Бугарија треба да се извини за депортирањето на 7.144 Евреи од Македонија во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде што се ликвидирани.



„За ова треба Бугарија да се извини. Како што направи Вили Брант во името на Германија“, напиша на Фејсбук поранешниот извршен директор на Институтот „Отворено општество Македонија“ заедно со линкот од написот насловен „Март 1943, Евреите депортирани од Македонија во логорот на смртта Треблинка“ на вебстраницата на Светскиот центар за сеќавање на холокаустот „Јад Вашем“.

Тогашниот германски канцелар Вили Брант при посетата на Полска во 1971 година клекна пред споменикот на Полјаците паднати во Втората светска војна како жртви на нацизмот.