Бугарија: Тешко до стабилна влада во наредните година или две

Политичка влада во сегашната ситуација не би имала реални шанси да биде изгласана во Народното собрание, мора да се бара компромисна формула, изјаи Добромир Живков, менаџер на социолошката агенција „Маркет линкс“ за БНР.



Се наоѓаме во многу тешка политичка ситуација на тешкан спротивставеност, што остава многу малку можности да се постигне компромис за владин кабинет, нагласи тој, пренесува БГНЕС.

Според него, шансите се повеќе се намалуваат.

Тој посочи дека политичките партии имаат конфликт на интереси кој ќе продолжи и годинава. Според него, и да има редовен кабинет, тој би имал исклучително ограничен временски период.

Тоа не е на повидок во следната година, дури би рекол две години, не можам да претпоставам дека ќе дојдеме до ситуација да имаме политичка стабилност каде што ќе имаме барем некој стабилен кабинет на подолг временски период, коментира Живков.