Бугарија спроведува геноцид, ние дебатираме дали е лев или десен

Тие спроведуваат геноцид, овие дебатираат дали бил лев или десен. Имаше една стара турска: расправаат за сенката на магарето.



Ова е коментарот на екс министерот за странски инвестиции Веле Самак на анализата на професорката Јасна Котеска која зборувајќи за бугарскиот однос кон Македонија тврди дека се работи за десничарска идеологија.

“Тврдам дека операцијата со која
-Заев брише Р.Македонија и инсталира Северна,
-Царовска брише македонска историја од училишта,
-Стефоска брише македонски јазик од Закон,
-Дучевска брише Катедри за македонски јаз и книж
се најтврдата ДЕСНИЧАРСКА ИДЕОЛОГИЈА во 21 век”, напиша Котеска на Твитер.

Инаку иницијаторот за бугарските најнови радикални позиции е претседателот Румен Радев кој е најпопуларна личност на бугарската левица.

Дебатата на Твитер