Бугарија: Социјалистите му се нудат на Трифонов

Ако Слави Трифонов предложи кабинет, можеме да го поддржиме. Ова го изјави претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова.



„Четири години бевме силна опозиција. Бевме сами во парламентот и не успеавме. Сега други партии влегоа во парламентот и сме повеќе. Можеме да се собереме според политиката.

Ако, Слави Трифонов, предложи кабинет кога ќе добие мандат и ако му треба нашата поддршка, ќе ги дадеме нашите гласови“, рече лидерката на БСП за БНТ.

Коалиција со ГЕРБ е 150 % невозмона, рече таа,

На парлементарните избори минататата недела победник е партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, која ќе има 75 пратеници во новиот парламент, „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ-презентер Слави Трифонов – 51, а социјалистичката на Корнелија Нинова 43.

Следуваат партијата на Турците Движење за права и слободи – 30, „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда Христо Иванов – 27, „Исправи се!“ на поранешниот Народен правобранител на Бугарија Маја Манолова – 14.