На чествувањето на Гоце Делчев ќе присуствуваат и претставници на бугарската амбасада во Македонија, а Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на бугарските државјани кои ќе патуваат во Македонија на 4-ти февруари.
„Клучно е да се обезбеди безбедност и спокојство на Бугарите. Обезбедувањето непречено чествување на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Не бегаме од таков дијалог, изјави денеска в.д. шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков на брифинг со новинарите, пренесе БНТ.
Спасовски апелира да нема блокади на патиштата на 4-ти февруари
Тој најави дека денеска телефонски ќе разговараат бугарскиот и македонскиот премиер и една од главните теми ќе биде безбедноста „за тамошните бугарски граѓани општо, така и во однос на тоа што се ќе се случува на 4 февруари.
Ние се залагаме за таква деескалација и не треба да се врати на ситуацијата од пред една недела, бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата“, вели Милков.
Тој предупреди дека доколку Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било случај без преседан.
„Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РМ во ЕП“, потсети Милков.
Бугарија ќе бара гаранции од властите во Македонија дека институциите ќе ги исполнат своите функции и ќе си ја вршат својата работа.
„Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немаат доверба во македонските институции, таквите поплаки што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат добиваат негативен резултат, при што овие Бугари стануваат жртви на малтретирање и закани. Треба да се увериме дека македонските институции ќе започнат со својата работа. Комисијата за заштита од дискриминација наместо да ги разгледува извештаите, се сврте против нив“, тврди Милков.







