Бугарија „со интерес“ ќе го следи пописот во Македонија

Бугарија внимателно ќе го следи она што се случува во Македонија, не само до 30 септември, бидејќи „над 120.000 луѓе што живеат во РСМ се бугарски државјани, а во моментов повеќе од 31.000 очекуваат да добијат бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло“, јавува агнецијата БГНЕС.



Агенцијата оценува дека денешниот попис на PCM, сепак, е клучен за иднината на земјата. Властите во Скопје, кои тврдат дека „ги исполниле сите услови за започнување преговори за членство во ЕУ, па дури и дека ниту една друга земја не била подобро подготвена од нив“, ќе треба да го убедат Брисел дека пописот се спроведува во согласност со човековите права и европските стандарди. А, особено во услови на загарантирана слобода на изразување на секој нејзин граѓанин.

Со оглед на чисто политичките причини за одбивање да се спроведе попис во ПКМ од 2001 година, се поставува логичното прашање: Дали ќе бидеме сведоци на вистински и транспарентен попис во следните 25 дена? – севели во написот на БГНЕС која испрати своја екипа одблизу да го следи спроведувањето на статистичката операција.

Во последниве месеци, бугарската страна – претседател, премиер, министер за надворешни работи – постојано изрази загриженост за „прогон, закани и малтретирање граѓани со бугарски идентитет“. Има безброј примери за ова. Во исто време, бевме сведоци на вандализам на бугарските национални симболи во РСМ. Триколорот -бугарскотоп знаме н.з.) беше запален на карневал, споменикот на Бугарите кои загинаа на 5 септември 2009 година во Охрид неколку пати беше осквернавен, а пред само неколку дена знамето беше тргнато од нашиот конзулат во Битола. Обвинувањата дека станува збор за „изолирани случаи“, како што сугерираше Министерството за надворешни работи во Скопје, се недостојни и лицемерни, бидејќи се резултат на институционалната омраза што работи деноноќно во земјата, оценува БГНЕС.

Вчера извесната Бугарска политичка платформа побара бугарските власти да реагираат на „провокацијата на премиерот Зоран Заев“, кој во пшретходна изјава спомена „бугарско малцинство“.