Бугарија слави 114 години независност

На 22 септември, пред 114 години, со посебен манифест во Велико Трново, принцот Фердинанд ја прогласил Бугарија за независно кралство. Политичкиот чин го изврши владата на Александар Малинов.



Ја отфрли вазалната зависност на Бугарија од Отоманската империја, наметната со Берлинскиот договор од 1878 година, објавуваат по повод одбележувањето на Денот на независноста , бугарски медиуми. .

Денот на независноста ќе биде одбележан пред Споменикот на независноста на плоштадот Кнез Александар Први во Софија.

Централните прослави традиционално ќе се одржат во Велико Трново, каде во дворот на црквата „Свети 40 маченици“ се одржува водосвет, а потоа има и церемонија на подигање на државното знаме на Бугарија.

На 22 септември 1908 година во Велико Трново принцот Фердинанд Први со манифест ја прогласил независноста на Бугарија од Отоманската империја. Таа беше признаено од Отоманската империја и Големите сили во пролетта 1909 година, но побараа Бугарија да плати дел од т.н. Отомански долг.

По прогласувањето на независноста, Бугарија стана полноправна членка на меѓународната заедница 30 години по Руско-турската ослободителна војна од 1877-78 година.