Бугарија: Скапата струја може да ги затвори училиштата и градинките!?

Постои опасност од затворање на училиштата поради скапата струја, предупредува бугарскиот Синдикат на работодавачи во јавниот образовен систем, објави БГНЕС.



„Опасностите од затворање на училиштата веднаш по летото поради неплатени сметки за струја и гориво стануваат се пореални.

Зголемените цени на прехранбените производи за децата во градинките ќе доведат прво до намалување на квалитетот на понудената храна, а потоа и до затворање на градините поради недостиг на средства за храна“, напиша во социјалната мрежа Дијан Стаматов, претседател на Синдикатот на работодавачи во јавниот образовен систем.

Од синдикатот инсистираат на итно насочено ажурирање на парите за струја, гориво и одржување на образовните институции како и зголемување за најмалку 40% од парите за одржување.

Се бара Министерството за образование и наука и синдикатите итно да расправаат за итно ажурирање на буџетите на образовните институции од јуни 2022 година.

Опозициската ГЕРБ уште зимава предложи државата да покрие 100% од разликата меѓу проценетата и реалната пазарна цена на струјата што ја плаќаат општините, компаниите под нивна надлежност, училиштата и градинките, храмовите и манастирите, социјалните домови и други. Аргументот беше дека тоа не се структури кои работат на пазарна основа, туку дека се од јавен интерес и не можат да ги зголемат цените по кои ги нудат своите услуги.

Од владата на ова одговориле дека „нема економски алатки за да се случи ова“, потсетува Њуз,бг…