Победничката партија на парламентарните избори во Бугарија, „Има такоив народ“, нема никакви несогласувања со шефот на државата Румен Радев (од социјалистичката БСП) во врска со најважните приоритети што треба да си ги постави можниот иден кабинет.
Ова го изјави по консултациите со претседателот копретседавачот на ИТН Тошко Јорданов.
Од ИТН соопштија дека поканети се на консултации за состав на идна влада сите парламентарни партии освен партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ на консултации за формирање влада.
Од ГЕРБ-СДС соопштија дека ќе им биде чест да бидат опозиција.







