Бугарија побара од Македонија да потпише анекс или протокол во кој Софија добива уверувања дека Скопје ќе го почитува договорот за добрососедство потпишан во 2017 година и нема да се обиде да го заобиколи, изјавил за бугарската Нова ТВ вицепремиерот и лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.
Некои од темите во анексот треба да се однесува на проблемите на јазикот, идентитетот и историјата, рехабилитацијата на репресираните, пренесе Дневник.бг.
Каракачанов ја увери Нова ТВ дека позициите и на премиерот и на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов како и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, кои биле „бранети“ пред Заев и делегацијата на Македонија, целосно се совпаѓаат целосно со позицијата на коалицискиот партнер Обединети патриоти чиј член е тамошното ВМРО-БНД.
Вчера јасно изјавивме дека Бугарија продолжува да го одржува ставот дека единствената нормална можност за Западен Балкан и с Македонија е членството во ЕУ, но тоа нема да се случи како што тие замислуваат во Македонија. (…)
Тие не можат да лежат чекајќи некој поголем, посилен да не притисне, да ни објасни дека Македонија, како центар на универзумот, мора да влезе во ЕУ“, вели Каракачанов.





