Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, за Бугарското национално радио изјави дека нема да продолжи сорабтката со рускиот донавувач за гас „Гаспром“ поради ситуацијата во украина.



„Во оваа ситуација не може да има преговори со ‘Газпром’. Попрво бевме подготвени да го прекинеме гасот поради војната или санкциите, но има алтернативи“, рече Василев.

Договорот за снабдување на Бугарија со Гаспром истекува на 31 декември.

Тој рече дека биле водени разговори со Турција и Грција, кои имаат терминали за течен гас, а останува и можноста за снабдување од Азербејџан. Објасни дека овие други опции ќе доведат до малку повисоки цени.


Тој посочи дека алтернативата не е само бугарска, туку европска стратегија која ќе се спроведе поради војната..